• петок, 22 ноември 2024

Струга домаќин на турнир во кик бокс во организација на светскиот шампион Бени Османоски и шваjцарската организација SCOS

Струга домаќин на турнир во кик бокс во организација на светскиот шампион Бени Османоски и шваjцарската организација SCOS

Струга, 27 јули 2023 (МИА) - Боксери и кик боксери од земјава и странство ќе се натпреваруваат во различни категории на спортскиот настан „FIGHT4GLORY“, што утре ќе се одржи на Ракометното игралиште во Струга, во организација на кикбоксерот Бени Османоски, со поддршка од швајцарска организација SCOS (Швајцарски борбен систем).

Целта на настанот, според Османоски, кој е четирикратен европски и шесткратен светски шампион во дисциплината К1 до 83 килограми, со потекло од струшкото село Октиси, е доближување на младите од Струга до боксот.

- Да докажеме дека и нашава држава е тло каде се раѓаат светски шампиони. Да се сочува спортскиот дух и здравото тело на младите. Ќе донесеме ѕвезди од целиот Балкан, за да им ги доближиме различните техники на кикбоксот. Идејата на турнирот е менталниот развој, негувањето на меѓучовечките односи, колегијалноста, дружељубивост, почитување на мислењата на другите луѓе и работа во заедница, стои во соопштението на Османоски.

Негов противник во главната борба, според најавата, ќе биде поранешниот светски шампион во кикбокс Алмедин Хасанагиќ, Словенец со босанско потекло. сс/сст/

Остани поврзан