• петок, 22 ноември 2024

Стратегијата на државата за случајите на СЈО пред ЕСЧП генерално e развиена, тврди Маричиќ

Стратегијата на државата за случајите на СЈО пред ЕСЧП генерално e развиена, тврди Маричиќ
Скопје, 12 март 2021 (МИА) - Домашни и странски експерти работат на одговорот што Владата треба да го достави до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) до 11 јуни по однос на апликациите поднесени од дел од обвинетите и осомничените од предметите иницирани од поранешнотот Специјално јавно обвинителство, изјави вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „360 степени" на телевизија Алсат М, додавајќи дека целиот процес го координира Бирото за застапување. - Главната стратегија и насока ја дава Бирото за застапување, кое што има надлежност за тоа и секако пред да отиде одоговорот ќе имам можност да го погледам. Не можам да коментирам затоа што мислам дека се уште сме во фаза на развивање на нашата аргументација и стратегија која генерално е развиена, изјави Маричиќ, кој оценува дека ова е еден од покрупните случаји што ќе се најде пред Европскиот суд за човекови права во последно време. Според него, далеку од тоа е дека земјава го одолговлекува случајот заради тоа што нема аргументи. - Напротив мислам дека е доволно специфичен случајот дури и за оној голем пленум на ЕСЧП да одлучува директно. Јас ги разбирам и апликантите, имаат свој интерес, мислат дека ова една инстанца која што може да им помогне. Ние сме таму да ги соочиме аргументите. Моја должност и должност на владата е да извлече максимум во аргументацијата, особено мислам дека се работи за одбрана на владење на правото, правната држава и одговорноста. Ние ќе ги искористиме сите можности за да ја зајакнеме нашата страна од случајот и што подобро ја преставиме одбраната на државата и не гледам ништо спорно во тоа, рече Маричиќ. оџ/сп/

Остани поврзан