• недела, 22 декември 2024

Стратегијата за ИКТ на МИОА поднесена до Владата

Стратегијата за ИКТ на МИОА поднесена до Владата
Скопје, 8 јуни 2021 (МИА) - Подобрување на поврзливоста и инфраструктурата, безбедната употреба на 5Г, воспоставување на доверлив податочен центар на Владата на РСМ, disaster-recovery податочен центар во случај на катастрофи, безбедна клауд услуга на Владата на РСМ и поврзување преку владина оптична мрежа, формирање на Агенцијата за дигитализација, централизирани електронски услуги за граѓаните и бизнисите, се дел од носечките столбoви на Стратегијата за ИКТ која што Министерството за информатичко општество и администрација поднесува пред Владата на Северна Македонија. Од МИОА соопштија дека ИКТ стратегијата значи развој на нов екосистем кој цели кон дигитално општество и ублажување на климатските промени, заштеда на енергетски ресурси, намалување на carbon footprint и запазување на животната средина -„Националната стратегија за ИКТ 2021 - 2025 на Република Северна Македонија“ се фокусира на утврдување на приоритетните области во ИКТ-секторот и има за цел да ја подготви нашата земја за сестрана и агилна дигитална иднина, се наведува во соопштението на МИОА. бк/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан