• петок, 22 ноември 2024

Стојкоски: Отворена инспекциска постапка, ќе се утврди точниот состав на отпадот во Орман

Стојкоски: Отворена инспекциска постапка, ќе се утврди точниот состав на отпадот во Орман

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска во изјава за медиумите во врска со отпадот пронајден во село Орман, истакна дека е отворена инспекциска постапка и дека инспектори од Државниот инспекторат за животна средина и од Општината се на терен за лабораториско утврдување на точниот состав на отпадот.

-Отворен е предмет како инспекциска постапка, информиран е Државниот инспекторат за заштита на животната средина и дадено на понатамошно постапување. Од страна на наш овластен претставник од Општина Ѓорче Петров даден е рок од 30 дена, согласно законот, да се дислоцира отпадот којшто е пронајден таму, изјави Стојкоски.

Тој информираше дека отпадот е затекнат но и дека на територија на Ѓорче Петров не постои фирма со „А“ интегрирана дозвола што преработува ваков тип на отпад.

-Повикан е сопственикот на земјиштето, тој не бил свесен дека на неговата локација се депонира ваков тип на отпад. Останува на институциите да преземат соодветни мерки за да го откријат и истиот тој отпад да биде дислоциран од таа локација, посочи тој.

Додаде дека Државниот инспекторат е надлежен да ја следи дозволата којашто издава на компаниите што работат со ваков тип на отпад, додека истата дозвола рече дека ја дава Министерството за животна средина.

Во текот на вчерашниот дел од медиумите известуваа дека во близина на село Орман се топат 600 тони акумулаторски батерии, опасен отпад што доведува до тешко нарушување на здравјето на граѓаните. сх/нд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан