• понеделник, 23 декември 2024

Стојаноски: ФИТР дава 65.000 евра грант на „Електра Солушн“, еден ден откако добива лиценца

Стојаноски: ФИТР дава 65.000 евра грант на „Електра Солушн“, еден ден откако добива лиценца

Скопје, 17 март 2023

Артан Груби и Димитар Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги. Фамозната „Електра Солушн“, која според власта првин беше локален партнер стана главен столб на проект со 8,3 милиони за неа од вкупно 22 милионскиот тендер.

„Електра Солушн“ не само што нема искуство, бидејќи е фирма за производство на долна облека која во последен момент се префрла во градежништво, туку и за лиценцата за надзор поднесува 12 дена по распишување на повикот за доставување на понудите, а ја добива 5 дена потоа.

Брзината со која „Електра Солушн“ се вклопува во новиот бизнис и станува миленик на власта не застанува тука. Имено, еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива грант од Фондот за иновации од 65.000 евра  за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“.

„Електра Солушн“ од фирма која нема никакво искуство од надзор, станува преку ноќ експерт и од фирма за производство на долна облека наплатува 65.000 евра за наводна иновација на програма, која очигледно ќе ја користат при надзорот.

Ковачевски и Груби не само што проектот за надзор го дале на фирма која нема никакво искуство при надзор, не само што истата преку ноќ вади лиценца, туку и со буџетски пари наплаќа алатка за надзор.

Јавното обвинителство не смее да остане пасивно. Власта првин тврдеше дека надзорот ќе го вршат странски експерти, а домашните се само локална помош, за на крај да се испостави дека главен играч околу кој се врти целиот тендер е фирма која произведувала долна облека, а за лиценца за надзор поднесува барање дури откако се распишува огласот за поднесување на понуди за надзорот на Коридорите 8 и 10Д, за ден потоа да добие и грант.

 

Бојан Стојаноски, пратеник

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан