• вторник, 05 ноември 2024

Стојаноски: Со злоупотреба на ЕУ знаменце, владата до нова година ќе ја задолжи државата за нови 500 милиони евра

Стојаноски: Со злоупотреба на ЕУ знаменце, владата до нова година ќе ја задолжи државата за нови 500 милиони евра

11 ноември 2023 

 

Власта продолжува со самоволието. Без срам и перде повторно се злоупотребува европското знаменце за на брза лента да се задолжи државата за нови 190 милиони евра.

Ни забелешките од Европската унија не се доволни за власта да прекине со злоупотреби и изигрување на собранискиот деловник.

Имено, во изминатава недела до пратениците се доставија два закони за задолжување со европско знаменце.

Талат Џафери како претседател на Собранието одлучува како матично тело за разгледување на овие закони за задолжување да ја назначи контроверзната Комисија за европски прашања.

Значи Ковачевски и покрај забелешките од Европската комисија за злоупотреба на Европското знаменце  одлучува наместо да ги пушти законите во редовна процедура тој за прв пат ги пушта со Европско знаменце, за да сематичната комисија за европски прашања ги разгледува законите со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра.

Ковачевски мора да го прочита Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2023та година и да ги послуша препораките и веднаш да ја промени својата контроверзна одлука и законите да ги пушти во редовната процедура бидејќи задолжувањето на државата нема никаква врска со усогласувањето со ЕУ регулативата.

Почитувани,

Македонија е во должничко ропство и секојдневно се задолжува за да може да ги сервисира своите обврски за плати, пензии, социјална помош, стипендии.

Во овој период актуелни се два заеми, од кој првиот директно е во износ од 100 милиони евра и другиот од 90 милиони евра. До крајот на 2023та година освен овие два кредита, до Собранието ќе стигнат уште задолжувања со што државата ќе се задолжи за 500 милиони евра со што јавниот долг ќе биде 8,5 милијарди евра.

Повторувам, Македонија до крајот на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра и јавниот долг ќе изнесува рекордни 8,5 милијарди евра.

Оваа година власта за да ја покрие буџетската дупка го воведе солидарниот арач и од успешните фирми, го покачи ДДВ на електричната енергија на 18% во услови на најголема инфлација, а исто така го покачи ДДВ и за илјадници прехранбени производи.

Само за потсетување, 7 години власт на СДСМ резултира со покачување на јавниот долг од 4,7 на 8,5 милијарди евра, а притоа ништо не се изгради.

Добрата вест е што со секој изминат ден се ближиме до денот кога граѓаните на фер и демократски избори ќе одлучат за својата иднина и власта на СДСМ и ДУИ ќе биде казнета по што ќе следи обнова на Македонија.

Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан