• сабота, 23 ноември 2024

Стојаноски: Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е плата од 750 евра преку инвестиции во ИТ индустријата

Стојаноски: Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е плата од 750 евра преку инвестиции во ИТ индустријата

Скопје, 24 јули 2021

Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е плата од 750 евра преку инвестиции во ИТ индустријата, блокчејн технологијата и дигитализација.

Големи плати не се возможни со конвенционален пристап или со фабрики за горење на отпад и полиња со марихуана, туку со инвестиции во напредните технологии, ИТ индустријата и блокчејн.

Нашиот пристап е да ја направиме Македонија привлечно место за ваквите компании од целиот свет, но пред се да ги мотивираме младите да работат на тоа поле, да отвораат старт ап компании и да го освојуваат светот на науката и модерните технологии.

Со инвестиции во ИТ индустријата ќе дојдеме и до повеќе пари во буџетот, што ќе значи и поголеми инвестиции во инфраструктурата, образованието, здравството и другите витални сегменти за државата.

Додека со високите плати ќе ја стимулираме и потрошувачката, што само по себе ќе биде мотор на економијата.

Плата од 750 евра е возможна и ВМРО-ДПМНЕ докажало дека работи и гради.

ВМРО-ДПМНЕ докажало дека го остварува ветеното.

Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан