• сабота, 29 јуни 2024

Стојаноски: Богдановиќ вчера беше во кафеана во полициски час, оставка веднаш

Стојаноски: Богдановиќ вчера беше во кафеана во полициски час, оставка веднаш

Скопје, 21 април 2021

Вчера Саша Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час.

Ова е матрицата на СДСМ за непочитување на закони, Заев отвора хотели само за него, а Богдановиќ кафеани.

Ова вчера беше брутално газење на законите од најверниот слуга на Заев, Богдановиќ.

Саша Богдановиќ, доколку имаше малку кредибилитет оставка требаше да дадеш уште вчера, но и сега не е доцна. Додека ти вчера кршеше полициски час и кафеана работеше само за тебе триесетина луѓе починаа од КОВИД-19.

Аздисаноста на власта е шамар за граѓаните. Оваа аздисаност се случува додека близу 150.000 луѓе се заразија од КОВИД-19, над 4.600 ги загубија сопствените животи, 60.000 останаа без работа, 6.200 фирми се затворија. Оваа аздисаност е додека Македонија тоне заради нивната неспособност.

Саша Богдановиќ да си напише оставка веднаш. Доколку имаше морал тоа ќе го стореше уште синоќа, но денеска е веќе обврска.

Заради нереагирањето на институциите и обидот да се релативизира овој скандал, и да нема одговорност како што би имало кога се работи за секој еден друг граѓанин, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Саша Богдановиќ, за кршење на протоколите и законите.

Прашање: За кафеана, во Центар се работи?

Одговор: За кафеана во Центар, како што можевме да видиме од сликите и видеата кои што беа прикажани на социјалните мрежи, и навистина сметам дека нема апсолутно ништо и никаков протокол, никаков акт што би го заштитило градоначалникот на Општина Центар да не поднесе оставка и да не понесе одговорност за овој настан.

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
https://www.youtube.com/watch?v=Cx_icTYXHAs

Остани поврзан