• сабота, 13 декември 2025

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Скопје, 4 октомври 2025

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! се осврна на работата на Димитар Костадиновски, кандидат за општина Јегуновце, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.

„Диме е неуморен, не се плаши од критика, од проблеми, напротив запознаен е со се и знае што може, а што не може и кажува зошто не може. Во Јегуновце нема неасфалтирана улица, нема дете што чека за упис во градинка“, рече Стојаноска.

Според Стојаноска Јегуновце може да стане привлечно место за сите посетители, за вкусна храна, центар за спортски настани.

„Диме добро знае што значи поддршка од централната власт. Тоа го виде во овие 15 месеци откако Влада е на ВМРО-ДПМНЕ, а поддршката за него и ќе продолжи во следниот период“, кажа Стојаноска. 

Стојаноска упати пораки и до актуелниот и идниот градоначалник Костадиновски и до личностите кои се на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Советот во општина Јегуновце.

„Продолжи со исто темпо и продолжи ја својата приказна. Општината е доказ дека може да се успее, иста е и пораката и до советниците. Ние во ВМРО-ДПМНЕ успеавме поради истрајноста, упорноста, вербата и јасна визија за иднината. Советници следете ја јасната визија на градоначалникот сегашен и иден и  јасната визија на претседателот Христијан Мицкоски“, заклучи Стојаноска.

Стојаноска повика и укажа дека вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9.

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ги истакна сите реализирани проекти за неговиот четиригодишен мандат во општина Јегуновце.

Костадиноски истакна дека во општина Јегуновце е регулирано речното корито на реката Вардар, отворени се две нови градинки, асфалтирани улици, и нови тротоари.

„Во изминатиот период го регулиравме речното корито на река Вардар, обезбедивме вода за пиење, изградивме фекални канализации во неколку населени места, отворивме две детски градинки, асфалтиравме локални улици, изградивме тротоари, им дадовме нов живот на училиштата, на парковите, но најмногу од се ја вративме надежта“, истакна Костадиноски.

Во новата програма Костадиноски потенцираше дел од важните проекти и тоа изградба на нови фекални канализации, нови улици, тротоари и земјоделски патишта за земјоделците, како и изградба на современи паркови.

„Во новата програма планираме да изградиме нови фекални канализации во останатите населени места, нови локални улици, тротоари и земјоделски патишта за нашите највредни земјоделци. Изградба на современи паркови опремени во сите стандарди, ќе продолжиме со инвестиции во образованието, културата и спортот, набавка на нови возила за собирање на комунален смет, противпожарно возило кое е потребно за сите жители на општина Јегуновце“, рече Костадиноски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан