• сабота, 23 ноември 2024

Стојановски: Секој граѓанин ќе има увид каде се троши секој денар од општинската каса

Стојановски: Секој граѓанин ќе има увид каде се троши секој денар од општинската каса
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Ова ќе биде општина што не дискриминира по ниедна основа и сечиј проблем ќе се решава подеднакво. Секое населено место ќе има ист третман, сите ќе бидат еднакво важни, ветува Сашо Стојановски, кандидатот за градоначалник на општина Сопиште од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. На досегашните средби со сограѓаните, Стојановски вети решавање на сите предмети што сега стојат во фиока. - Време е почитувани граѓани на општина Сопиште, оваа општинска зграда зад мене да ја почувствувате како Ваш дом. Отворена за сите. Нема да дозволиме предметите да стојат во фиока. Никој нема да може да си поигрува со Вас во остварување на Вашите права. Дополнително, оние услуги што може ќе ги направиме електронски за да не мора да доаѓате во општината. Но, ќе направиме и мобилни канцеларии, и нашите тимови ќе одат кај граѓаните кои не се во можност да дојдат во општината а имаат некаква потреба, вели Стојановски. Тој посочува дека поставува принципи на отворено и транспарентно работење. Тоа, како шти вели, значи дека сите седници на советот ќе се снимаат и пренесуваат, секој ќе може да присуствува на седниците, сите одлуки ќе бидат јавно објавени и образложени и секој граѓанин ќе има увид каде се троши секој денар од општинската каса. ар/лв/    

Остани поврзан