• недела, 22 декември 2024

Стојановска: Убаво е да се почне сезоната со победа

Стојановска: Убаво е да се почне сезоната со победа

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) – Екипата на Баскет Кам предводена од Жаклина Стојановска на тренерското место со трофеј ја почнува новата сезона во македонската женска кошарка. Во натпреварот од Суперкупот одигран вчеравечер во „СРЦ Кале“ совладан е тимот на МЗТ Скопје Аеродром со убедливи 74:54.

Стојановска изрази задоволство од резултатот, иако смета дека нејзините избранички можат да бидат подобри.

- Убаво е да се почне сезоната со победа, бидејќи тоа дава дополнителен мотив и самодоверба на тимот. Сепак, свесни сме дека има простор за подобрување и дека осцилациите во нашата игра треба да се корегираат. Работиме на анулирање на овие слабости и целиме кон усогласување на формата на тимот. Младата екипа на МЗТ покажа коректна игра и им посакувам успешна сезона, истакна Стојановска.

Баскет Кам и во новата сезона ќе атакува на шампионската титула и трофејот од купот. зс/

Остани поврзан