Сторителот на најсмртоносниот напад врз Евреи во историјата на САД е осуден на смрт
Питсбург, 2 август 2023 (МИА) - Извршителот на вооружениот напад во синагога во Питсбург во 2018 година, најсмртоносниот напад врз Евреи во историјата на САД, денеска е осуден на смрт, пренесоа американските медиуми.
Дванаесет членови на поротата едногласно гласаа за смртна казна за Роберт Бауерс, пренесува Њујорк Тајмс.
Тој беше прогласен за виновен за 11 убиства на 27 октомври 2018 година во синагога во Питсбург, отежнати со квалификација за антисемитски чин.
Бауерс, тогаш 46-годишен, извикуваше „сите Евреи мора да умрат“ додека пукаше кон верниците собрани во синагогата „Дрво на животот“, соопштија обвинителите.
Масакрот во таа синагога е најсмртоносниот напад врз американски Евреи во историјата.
Синагогата се наоѓа во историското еврејско соседство во Питсбург, дом на една од најстарите и најголемите еврејски заедници во САД. зш/
фото ЕПА