• сабота, 06 јули 2024

Столтенберг: На самитот во Вилнус ќе донесеме многу важни одлуки за посилна Алијанса

Столтенберг:  На самитот во Вилнус ќе донесеме многу важни одлуки за посилна Алијанса

Вилнус, 11 јули 2023 (МИА) - Отворајќи го Самитот на НАТО во Вилнус, генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска изјави дека сојузниците во двата дена ќе донесат многу одлуки за Алијансата да ја направат уште посилна.

-Ќе донесеме одлуки за зголемување на практичната и политичка поддршка за Украина. Тоа ќе ја приближи Украина до НАТО, каде што и припаѓа“, рече Столтенберг во својот воведен говор, додавајќи дека сојузниците, исто така, ќе ги зајакнат и одвраќањето и одбраната на НАТО и ќе се договорат за поамбициозно ветување за одбранбени инвестиции.

Генералниот секретар на воведната церемонија им се заблагоари на домаќинот, литванскиот претседател Гитанас Наузеда, на финскиот претседател Ниинисто, кој во Вилнус за првпат присуствува како шеф на држава на земја членка и на шведскиот премиер   Кристерсон, чија земја вчера ја симна и последната пречка пред полноправното членство- со одобрението добиено од Турција.   

Фото:НАТО

Остани поврзан