• недела, 26 мај 2024

Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина

Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина

Брисел, 18 април 2024 (МИА) - НАТО работи на можноста за испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, цитиран од британските медиуми.

-Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“, изјави Столтенберг од италијанскиот остров Капри, каде што учествуваше на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите од Г-7.

„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците од НАТО да ја поддржат Украина“, додаде генералниот секретар на северноатлантскиот договор. 

Според него, постојат охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес може наскоро да го деблокира пакетот помош за Украина, вреден 60,84 милијарди долари.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан