• петок, 22 ноември 2024

Столтенберг: Војната во Украина е доказ дека бизнисот со Русија и Кина е ризичен

Столтенберг: Војната во Украина е доказ дека бизнисот со Русија и Кина е ризичен
Давос, 24 мај 2022 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека војната во Украина е доказ дека бизнисот со авторитарните власти на Русија или Кина претставува ризик за безбедноста на Западот. Столтенберг рече дека слободната трговија донесе просперитет, но дека има цена „бидејќи дел од оваа трговија, дел од економската интеракција со авторитарните режими ја поткопува нашата безбедност“. Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Столтенберг додаде дека е погрешна идејата дека Европа може да купува гас од Русија колку што сака. - Тоа е опасно. Купувањето и дава на Русија алатки за заплашување и употреба против нас и тоа сега е јасно, рече тој. Столтенберг предупреди на какво било прекумерно потпирање на суровини или напредна технологија или дозволување странска контрола врз националната инфраструктура, како што се мрежите 5G. - Овде се работи за Русија. Но и за Кина. Уште еден авторитарен режим кој не ги дели нашите вредности. И кој го поткопува меѓународниот поредок заснован на правила, заклучи тој. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан