• петок, 22 ноември 2024

Стоилковски: Срамот и хаосот во македонскиот таканаречен правен систем не застанува

Стоилковски: Срамот и хаосот во македонскиот таканаречен правен систем не застанува

Скопје, 30 декември 2023


Срамот и хаосот во македонскиот таканаречен правен систем, препознаени и надвор од Македонија, не застанува.

Случајот со Весна Дамева и одлуката на Управниот суд покажува само дека, ако во Судскиот совет се разрешува претседател, ако се работи незаконски и се носат одлуки спротивно на пишаните норми, што останува за обичниот граѓанин, којшто бара правда пред било која истанца на македонското судство.

Разрешувањето на Дамева, претходната оставка заради нагласена политички- бизнис притисоци врз Црвенковска, изборот на претседател на Советот по Дамева, и сега одлуката на Управниот суд, во очите на домашната и меѓународна јавност се опишуваат со македонската “Од шупливо- во празно".

Да имаат грам достоинство, членовите на судскиот совет веднаш би требало да си поднесат оставка.

Ова нема крај, препознаени се истите игри и врз Врховниот суд, закани за разрешувања, коишто носат дополнителен немир и несигурност кај граѓаните, но и аларм кај меѓународната јавност.

Никогаш не било полошо. Хаосот во судството е резултат на владеењето на ДУИ и СДС, резултат на политички одлуки и пишување на закони во партиски штабови по мерка на криминалот.

За оваа ситуација директно одговори се СДС, ДУИ, Ковачевски и Пендаровски. Тие и нивните пратеници ги бираа главните актери во оваа сапунска серија, за што постои и признание од страна на Пендаровски.

Се додека СДС и ДУИ се на власт, Македонија нема да има независен правосуден систем.

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме!

 Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан