• петок, 22 ноември 2024

Стоилковски: СДСМ ја уништува секоја традиција во Македонија дури и Охридскиот маратон

Стоилковски: СДСМ ја уништува секоја традиција во Македонија дури и Охридскиот маратон
Скопје, 18 август 2022  СДСМ повторно го докажува стремежот да ја уништи секоја традиција поврзана со Македонија, било тоа да е и спортска манифестација како Охридскиот маратон, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција. -Поданички плашејќи се да не бидат поврзани со поддршка на било каква македонска традиција или манифестација, бесрамно се откажаа и од оваа меѓународна спортска манифестација, потенцираше Стоилковски. Тoј истакна дека ВМРО- ДПМНЕ е партија од народот и за народот, партија од Македонија и за Македонија, и нема да дозволи уништување на се што е македонско. -Градоначалникот Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид уште еднаш покажува како се работи и како се сака и почитува државата и традицијата во насока на градење на позицијата на една држава каква што заслужува да биде Македонија, нагласи Стоилковски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан