• петок, 22 ноември 2024

Стоилковски: Демири и Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија

Стоилковски: Демири и Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија

Скопје, 2 јуни 2024

СДС/ДУИ го потврди пресот од петокот дека цел викенд никаде ќе ги нема, поважен е викендот и партиските функции од катастрофата во Хирургија.

Доколку некаде ја видите д-р. Маја Манолева од СДС, потсетете ја дека е заменик министер за здравство! И прашајте ја дали е ова „нема откажување од иднината“ за кое водеше кампања два месеци? Или дали семејните бизниси, од приватно здравство до трговија со струја се поважни во моментов од Хирургија и колапсот на здравствениот систем? Д-р. Маја Манолева, заменик министер и потпретседател на лекарската комора, никаде ја нема. И уште едно прашање, дали таа ветува заштита на оние 12 директори кои функционираат на Хирургија и молчат пред проблемите?

Почитувани

Здравството тоне, проблемот со Хирургија и уште повеќе немањето волја брзо да се реши не може да се исклучи од аспектот за намерно рушење, односно мини државен удар во здравството.

Оттука, ќе поставам и прашања и до исчезнатиот министер Илир Демири, и до заменичката Маја Манолева, дали се работи за санација која би вредела 120.000 евра? Дали заради 120.000 евра, се создаде колапс на сиот здравствен систем? Каде е сега претприемачкиот дух на ДУИ, каде е претприемачкиот дух на семејството на Али Ахмети, или тој важи само за трговски центри и бизниси со енергенси?

Дали СДС/ДУИ свесно креираа проблем којшто го уништи столбот на терцијалното здравство, Хирургија, 12 оддели се исклучени, а нив никаде ги нема, вклучително и директорите, вклучително и оние Заеднички служби, вклучително и економскиот директор и администраторите кои заминаа на Азурен брег?

Почитувани, ова е срамно, недостоинствено, и над се неетички и нехумано. Трета недела нема никаков план за решавање на проблемот на хирургија, ниту пак некакви решенија се понудени.

12-те директори на оддели кои функционираат на Хирургија се уште немаат доблест да излезат во јавност и да проговорат за проблемите и за тоа колку пациенти со тешка медицинска состојба се оставени на чекање.

Одговорност ќе има, а неа нема да ја сноси повторно некој кабел!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан