• понеделник, 23 декември 2024

Стоев: Мониторинг од ЕУ е гаранција дека С Македонија ќе ги исполнува билатералните договори

Стоев: Мониторинг од ЕУ е гаранција дека С Македонија ќе ги исполнува билатералните договори
Скопје, 25 мај 2021 (МИА) - Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев истакна денеска дека нивната политика кон Северна Македонија е доследна и оти предлагаат продлабочување и рестартирање на дијалогот и тоа да биде од двонасочна перспектива. -Вториот сегмент, на кој се работи е враќање на темата во нормалните европски формати, каде треба да се разгледаат тие прашања меѓу државите-членки на Европската Унија, и каде што ќе се дадат гаранции на Бугарија, дека тоа што е договорено на билатерална основа, ќе се исполнува и во иднина. Тој мониторинг од страна на ЕУ е гаранцијата дека билатералните договори што се потпишани и кои претстои да бидат потпишани, ќе бидат исполнувани. Тоа е тактиката, стратегијата. Ние очекуваме конструктивен дијалог од страна на Република С Македонија, рече Стоев. Како добра можност за дијалог за билатералните односи ја оцени заедничката посета на претседателите на Бугарија и на Северна Македонија, Румен Радев и Стево Пендаровски, кои заедно во Рим ќе го чествуваат денот на светите браќа Кирил и Методиј. За време на презентацијата на својот тим, Стоев претходно најави дека прв приоритет ќе биде враќање на довербата и интензивирање на билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Според Стоев, ова е актуелно прашање за кое треба да се разговара. – Ние сме отворени за дијалог. Она што е потребно е постојаност, конструктивен став во дијалогот и можам да кажам дека целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во воспоставувањето на довербата меѓу двете земји, рече министерот Стоев. Новиот бугарски министер за надворешни работи најави дека ќе има двајца заменици министри - Румен Александров и Зарица Динкова. Александров ќе работи на приоритетите во областа на договорните односи и рамката за преговори со Република Северна Македонија, и процесот на проширување на Европската унија. Александров беше заменик министер за надворешни работи и во периодот од 2014 до 2016 година, а до неодамна беше амбасадор на Бугарија во Кралството Холандија.нд/нк/

Остани поврзан