• петок, 22 ноември 2024

Стивен Кинг: „Зора на живите мртовци“ е еден од најдобрите зомби-хорори

Стивен Кинг: „Зора на живите мртовци“ е еден од најдобрите зомби-хорори

Лос Анџелес, 10 октомври 2024 (МИА) - Стивен Кинг, еден од најпознатите писатели за хорор-приказни, е познат по неговото силно влијание врз овој жанр, а неговите дела, книги и раскази се често претворани во филмови.

Така, и покрај она што се смета за критички настроен кон современите хорор-филмови, Кинг всушност е прилично отворен за својот ентузијазам за современото кино. Во неговата книга „Danse Macabre“ (Танц на смртта) од 2010 година, тој преработката на „Зора на живите мртовци“ (Dawn of the Dead) од 1960-тите, ја нарекува - „генијална“, истакнувајќи го „извонредниот почеток“ на поновиот филм од 2004 година, пишува списанието „Фар аут“ (Far Out).

Кинг, имено, го пофали брзиот заплет на верзијата на Зек Снајдер, со протагонистката Ана, одглумена од Сара Поли, која се справува со зомби-пандемијата што го зафаќа и нејзиното соседство.

„Најефикасните ужаснувачки секвенци се резултат на инстинкт или случајност, а таков е случајот и овде... Искуството со стравот во филмот е длабоко поврзано со природата на ликовите и нивното дејствување“, објаснува Кинг.

Покрај тоа, писателот верува дека доделувањето на главната улога на Сара Поли тука е клучно бидејќи друга глумица може да го промени погледот на ликот кај гледачот. Тој, исто така, забележува како режисерот Снајдер вешто користи вести и снимки од вистинскиот живот за да создаде вовед којшто делотворно ја прикажува природата на стравот во совремието. си/мс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан