• петок, 05 декември 2025

Стејт департмент: Рубио и Тајани разговараа за Блискиот Исток и Украина

Стејт департмент: Рубио и Тајани разговараа за Блискиот Исток и Украина

Вашингтон, 15 јули 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио и италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани разговараа за Блискиот Исток, Украина, како и Кина и Латинска Америка денеска во Вашингтон, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се додава дека дипломатите разговарале и за прекинот на огнот меѓу Израел и Иран и за следните чекори во спречувањето на Иран да развие нуклеарно оружје.

Тајани пристигна во Вашингтон денеска, а покрај Рубио, се очекува да се сретне и со претседателот на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Џим Риш, и трговскиот претставник Џејмисон Грир.

Темите на дискусија се билатералните и трансатлантските односи, како и клучните меѓународни предизвици, вклучувајќи ги Украина, Газа и Либија.

Разговорите се фокусираат и на трговската ситуација, во светлината на најавата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека ќе воведе царини од 30 проценти за увоз од земјите на Европската Унија почнувајќи од 1 август, доколку дотогаш не се постигне договор. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан