• петок, 05 декември 2025

Стејт департмент: Рубио денеска ќе се сретне со премиерот на Катар

Стејт департмент: Рубио денеска ќе се сретне со премиерот на Катар

Вашингтон, 12 септември 2025 (МИА) – Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска во Вашингтон ќе се сретне со премиерот на Катар, Мохамед бин Абделрахман ал Тани.

Средбата е поради нападот на Израел во вторникот врз заливската земја која е сојузник на САД, во кој Израел се обиде да ликвидира дел од раководството на палестинското исламистичко движење Хамас што живее таму.

Во ретка критика на Израел, претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ поради тој напад.

Израел во вторникот бомбардираше станбен комплекс во самиот центар на Доха, главниот град на Катар, држава-посредник во преговорите за примирје во Појасот Газа.

Премиерот на Катар, Мохамед бин Абделрахман ал Тани, вчера пред Советот за безбедност на ОН изјави дека Катар ќе ја продолжи својата дипломатска улога во преговорите меѓу Израел и Хамас. јт/

Фото; МИА архива

Остани поврзан