Стејт департмент: Рубио во телефонски разговор со Лавров ја потврди посветеноста на Трамп да се стави крај на војната во Украина

Вашингтон, 15 февруари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио ја потврди посветеноста на претседателот Доналд Трамп да се стави крај на војната во Украина во телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров одржан денеска, соопшти Стејт департментот.
„Секретарот ја потврди посветеноста на претседателот Трамп да се најде крај на конфликтот во Украина“, рече портпаролката Тами Брус.
„Покрај тоа, тие разговараа и за можноста за потенцијална соработка за голем број други билатерални прашања“. зш/