• петок, 22 ноември 2024

Стефоска ќе бара одземање на ингеренции на општините Охрид и Струга поради изградба на ресторанот „Парк“

Стефоска ќе бара одземање на ингеренции на општините Охрид и Струга поради изградба на ресторанот „Парк“
Скопје, 19 март 2021 (МИА) - Министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО Ирена Стефоска соопшти дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање ингеренции на општините Охрид и Струга, за како што посочи, немање волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. -Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини, соопшти денеска Стефоска, во врска со градежните активности на објектот ресторан – дискотека „Парк“ во Охрид. Во делот на надлежностите на Министерството за култура, министерката истакна дека на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство.бт/са/

Остани поврзан