• петок, 05 декември 2025

Стефан Тековски: ГРИН - една општина, едно срце за Битола

Стефан Тековски: ГРИН  - една општина, едно срце за Битола

Битола, 17 октомври 2025 (МИА) - Граѓаните сакаат нешто ново, нешто инспиративно, а тоа го нуди граѓанската иницијатива ГРИН, истакна Стефан Тековски, носител на листата кандидати за членови на Советот на Општина Битола од оваа иницијатива.

Граѓанската иницијатива ГРИН во новиот општински Совет ќе се залага за развој на туризмот, екологијата, но и јасна поддршка на противпожарникарските служби.

-Нашиот носечки проект е посветен на туризмот затоа што Битола станува водечки центар во државата. Нашите проекти ќе овозможат забрзан развој на туризмот, зголемена посетеност на туристи од странство кои наместо да транзитираат ќе остануваат во градот и позитивно ќе влијаат врз локалната економија. Освен за туризам, ние ќе се бориме и за поубав, позелен, почист град. Нашите проекти се остварливи и реални кои непречено ќе ја користат поддршката на европските фондови, посочи Тековски.

Во изјава за медиумите, носителот на листата Граѓанска иницијатива ГРИН, истакна дека во програмата соодветно место е посветено на помошта и поддршката на против пожарникарските служби.

-Мојот идеен проект за помош на противпожарникарските служби ќе земе посебно место и ангажман како советник во Советот на Општина Битола. Јас сум активен мото возач во битолски клуб, а тоа значи дека со нашето хоби ќе може да се зголеми волонтерскиот ангажман. Јас и битолчани често покажувавме со пример при гаснењето на пожари, и со мојата иницијатива тоа ќе го подигнеме на повисоко ниво. Имаме и други проекти кои ги подготвивме со поддршка на граѓаните, кои ни овозможија да ја споиме традицијата со сегашноста и искрено сакаме да го направиме градот како што бил некогаш, посочи Тековски.

Во пресрет на гласањето закажано за в недела, граѓанската иницијатива ГРИН со пајтон по Широк Сокак ги претстави кандидатите за советници и повика битолчани да гласаат за нив заокружувајќи го бројот 25. мт/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан