• петок, 17 мај 2024

ЈП Лајка: Стерилизирани рекорден број на кучиња во октомври

ЈП Лајка: Стерилизирани рекорден број на кучиња во октомври

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Во текот на месец октомври, Јавното претпријатие Лајка има стерилизирано и кастрирано 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, доколку пак, вдомило 37 кучиња.

-Со овие спроведени кастрации и стерилизации сме превенирале разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, ЈП Лајка продолжува да работи во служба на граѓаните. Ги охрабруваме граѓаните да пријават бездомно куче за стерилизација или кастрација во ЈП Лајка, на меил info@lajka.com.mk или на нашите телефонски броеви 02/2 56 58 59  и 071/219-925, стои во соопштението на Лајка. ра/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан