• сабота, 23 ноември 2024

Старџен има намера да се врати во работата на шкотскиот Парламент

Старџен има намера да се врати во работата на шкотскиот Парламент

Единбург, 19 јуни 2023 (МИА) - Поранешната шкотска прва министерка Никола Старџен изјави дека има намера да се врати во шкотскиот Парламент и инсистираше на тоа дека е уверена дека не направила ништо лошо, откако беше уапсена минатата недела како дел од полициската истрага за финансиите на владејачката Шкотска национална партија (СНП), која се залага за независност на Шкотска од Велика Британија.

Запрашана дали размислува да се повлече од СНП, таа кажа „не направив ништо лошо и тоа е единственото нешто што го тврдам. Засега имам намера да си одам дома и да бидам со семејството“, јави Би-Би-Си.

Според британскиот јавен сервис, таа за првпат се појави во јавноста по минатонеделното апсење.

Старџен, која на почетокот на април поднесе оставка од функцијата премиерка и лидерка на СНП, е третата личност која е уапсена како дел од операцијата „Бранчфорд“, истрага на шкотската полиција за наводите дека партијата непокриени трошоци на повеќе од 600.000 фунти (околу 700.000 евра) од донациите за кампањата за независност.

Нејзиниот сопруг Питер Мурел, поранешен извршен директор на СНП, беше уапсен на 5 април во нивниот дом во Адингстон, во близина на Глазгов, и беше испрашуван 12 часа пред да биде ослободен без обвинение, пишува Гардијан.

Колин Бити, член на шкотскиот Парламент и партиски благајник од премиерскиот период на Старџен, беше приведен и сослушан како дел од истата истрага на 18 април, а исто така беше ослободен подоцна без обвинение.

Никола Старџен беше премиерката со најдолг стаж на Шкотска, и досега единствената жена на оваа позиција. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан