• петок, 22 ноември 2024

Стартува зонското паркирање во Велес

Стартува зонското паркирање во Велес
Велес, 30 јули 2021 (МИА) - Jавното претпријатие „Парк-Спорт и Паркинзи“-Велес, по тест периодот за усогласување на системот за евиденција на возила со мобилните оператори, официјално започнува со наплата на услугите на јавните паркинг места по зони, каде што се поставени информативните табли, информираат од Општина Велес. - Ги повикуваме граѓаните внимателнио да ги следат информациите од таблите и точно да ги внесуваат податоците за возилото или да се консултираат со службените лица кои се наоѓаат на паркинг местото, појаснуваат од општината. Оттаму посочуваат дека поконкретни информации за начинот на користење на паркинг местото за наплата, граѓаните ќе може да добијат на линкот на Општина Велес - Информации за начинот на користење на зонското паркирање во Општина Велес. Инаку, веќе неколку месеци не стивнуваат реакциите на велешани по најавата за воведување на зонско паркирање кое ќе се наллаќа во три зони од 10 до 30 денари за час во првата А зона. Велешкиот градоначалник Аце Коцевски на последниот прес неделава, потенцира дека Велес е меѓу последните градови во земјава каде се воведува зонско паркирање. Тој им порача на велешани дека наскоро ќе го почувствуваат бенифитот од зонското паркирање што досега ја имале.
Инаку, општината веќе неколку години најавува изградба на катна гаража во близина на Автобуската станица во Велес, но и покрај најавите засега нема ништо од започнување на градежните работи. Велешани  најмногу реагираат поради малиот број на паркинг места во градот, посебно во строгиот центар на градот и непосредната околина.ад/фф/

Остани поврзан