• сабота, 14 февруари 2026

Стартува завршницата на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“

Стартува завршницата на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“

Куманово, 13.февруари 2026 (МИА) - Осум желби – само еден трофеј, а во следните три дена Куманово ќе биде домаќин на завршницата на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“. Вкупно девет клубови се радувале на освојувањето на пехарот во ова натпреварување, а најуспешен е бранителот на трофејот тимот на МЗТ Скопје Аеродром со 13 пехари. Двоцифрена бројка има и првиот освојувач Работнички со 10, а воедно ова е и тимот со најмногу финални натпревари (16).

Завршницата на Куп натпреварувањето за првпат ќе се игра во Куманово, додека првата завршница се играше 1993 година во Кочани.

Според програмата денеска се играат четвртфиналните натпревари, а двојките се:

(1)         ТФТ – Феникс 2010 (почеток 12 часот)

(2)         МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (почеток 14:30 часот)

(3)         Кожув – Маџари (почеток 17 часот)

(4)         Пелистер – МКК Куманово (почеток 19:30 часот)

Во сабота се играат полуфиналните дуели: победник (1) – победник (4) со почеток во 17 часот и победник (2) – победник (3) со почеток во 19:30 часот.

Финалето е предвидено да се игра во недела (15.февруари) со почеток во 19 часот.   мн/

Фото: МКФ

Остани поврзан