• петок, 22 ноември 2024

Стартува екоакцијата „Генералка викенд 2022“

Стартува екоакцијата „Генералка викенд 2022“
Скопје, 6 мај 2022 (МИА) - Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“, што до 8 мај ќе се спроведува во 26 општини низ земјата. Како што информираат организаторите на екоакцијата, во рамките на настанот ќе биде спроведена акција за собирање на отпадот од пешачките патеки и местата за одмор и рекреација на планината Водно. Тие посочуваат дека акцијата ќе ја спроведуваат вработените и членовите на менаџерскиот тим на „Пивара Скопје“, вработените во администрацијата на Град Скопје, членовите на неколку дипломатски претставништва во земјата, „Мен енд Маунтен“ (организатори на Генералка викенд 2022) и„ Пакомак“. Од Општина Ѓорче Петров најавија дека ќе се приклучат кон акцијата, која ќе се спроведува на три локации: Полјана-Хром, Јурија кај „Св. Лазар“ и Даме Груев-збирно место пред месна заедница. фф/сп/

Остани поврзан