• петок, 05 декември 2025

Стартна победа на македонските јуниори на Балканското првенство во одбојка

Стартна победа на македонските јуниори на Балканското првенство во одбојка


Бања Лука, 10 јули 2025 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација до 19 години со победа го почна настапот на Балканскиот шампионат во Бања Лука, откако синоќа во воведното коло триумфираше над домаќинот Босна и Херцеговина со 3:1 (25:20, 25:23, 20:25, 25 :15).
Македонија денеска од 15:30 часот ќе се сретне со Романија, која вчера беше поразена од Турција со 3:1.
Македонските одбојкарски јуниори се дел од групата А во која завршниот дуел против Турција ќе го одиграат утре во терминот од 15: 30 часот.
Во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора. ег
ФОТО: ОФМ

Остани поврзан