• петок, 22 ноември 2024

Стариџ изненадувачки стана слободен агент

Стариџ изненадувачки стана слободен агент
Трабзон, 2 март 2020 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ е слободен агент откако го раскина договорот со Трабзонспор. 30-годишниот Англичанец постигна седум гола и забележа четири асистенции на 16 натпревари за турскиот тим, во кој премина во текот на летото, откако беше ослободен од Ливерпул. Договорот на Стариџ со Трабзонспор беше до 31 мај 2021 година, но клубот официјално потврди дека договорот е раскинат само осум месеци откако беше потпишан и напаѓачот беше ослободен од своите должности. Поранешниот играч на Ливерпул веројатно ќе ја продолжи кариерата во Соединетите држави.

Остани поврзан