• петок, 11 октомври 2024

Стано: Напади врз припадниците на УНИФИЛ се апсолутно неприфатливи за ЕУ 

Стано: Напади врз припадниците на УНИФИЛ се апсолутно неприфатливи за ЕУ 

Брисел, 11 октомври 2024 (МИА) – Намерни напади врз мировниците претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право и релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во врска со израелските напади врз припадниците на Мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ). 

Стано потенцирајќи дека ваквите нападите врз мировниците на ОН се неприфатливи, потсетувајќи дека во мисијата на УНИФИЛ со свои војници учествуваат и 16 земји членки на ЕУ. 

- Ова прашање ќе биде многу висока на нашата агенда и за него дефинитивно ќе биде дискутирано од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ на нивната средба в понеделник на редовниот Совет за надворешни работи, така што ова е нешто на што посветуваме многу големо внимание и за Европската Унија се апсолутно неприфатливи овие напади врз припадниците на УНИФИЛ, додаде Стано. 

Запрашан околу можноста за запирање на испораките на оружје за Израел од страна земјите на Унијата, Стано нагласи дека тоа прашање не во надлежност ЕУ, туку за тоа решаваат самите земјите членки . 

- Институциите на ЕУ не се мешаат во нешто што не е нивна надлежност, туку е надлежност на секоја земја членка, додаде Стано. 

На прашање како ЕУ воведува ембарго за извоз на оружје кон Русија и други земји, а сега вели дека не може да воведе кон Израел, Стано рече дека не станува за воведување, туку за спроведување на ембарго врз основа на резолуции на Советот за безбедност на ОН.

- Ако ние воведеме ембарго, тоа ќе значи воведување на санкции од страна на ЕУ. За воведување санкции од страна на ЕУ, потребна е согласност на сите 27 земји членки. Ако сега прашувате за можноста за воведување ембарго за извоз на оружје за Израел, треба да видиме дали земјите членки се подготвени и расположени за постигнување компромис и едногласен договор за воведување на таква рестриктивна мерка. Во оваа фаза нема таква мерка од страна на Европската Унија кон Израел, потенцира Стано. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан