• недела, 22 декември 2024

Стано: Европскиот нацрт на статутот на ЗСО не е „нон-пејпер“

Стано: Европскиот нацрт на статутот на ЗСО не е „нон-пејпер“

Брисел, 6 ноември 2024 (МИА) - Изјавите во Косово дека нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство е само „нон-пејпер“, портпаролот на Европската унија Петер Стано ги оцени како непочитување на повикот на Советот на Европската унија, кој врз основа на овој „европски “ предлог, се движи кон формирање на Асоцијацијата.

Стано рече дека обврската на Косово е формална, таа била прифатена во дијалогот со договорите од 2013 и 2023 година, била ратификувана од косовското Собрание со двотретинско мнозинство, а предлогот „начелно“ бил прифатен од лидерите на Белград и Приштина.

Затоа, вели тој во одговорите што ги испрати до новинарите, „за жалење е што по една година начелно прифаќање нема напредок кон формирањето на Заедницата“.

-Косово и по 11 години сè уште ги нема преземено неопходните чекори кон овој естаблишмент и затоа не ги исполнува своите јасни обврски, според меѓународното право, што беше повторено во договорите од 2015 и 2023 година. Според соодветните договори од 2013 и 2015 година, статутот за основање на Заедницата треба да биде изготвен од дијалогот и да се разгледа во дијалогот. Секој предлог мора да се разговара со Србија и модераторот на ЕУ и мора да биде во согласност со договорите од 2013 и 2015 година. Тоа значи и дека Владата на Косово не може да создаде статут надвор од процесот на дијалог. Владата на Косово не може да се откаже од своите одговорности во дијалогот, ниту да ги делегира на општините со српско мнозинство во Косово, рече портпаролот Стано.

Тој дополнително објасни како, според него, Белград и Приштина „во принцип“ го прифатиле она што сега се нарекува „европски предлог“.

-Во октомври 2023 година, во обид да го унапреди процесот на нормализација, ЕУ, со поддршка од земјите членки и партнерите како што се САД, официјално го претстави европскиот нацрт-статут за основање на Асоцијацијата. Европскиот нацрт-статут се заснова на модели и добри практики, како и на правната рамка на Косово. Нацрт-статутот на премиерот Курти му го презентираше лично модераторот на ЕУ заедно со советниците за национална безбедност на Франција, Германија и Италија, како и американскиот специјален претставник. На состанокот на високо ниво за поддршка на дијалогот, во присуство на претседателот Емануел Макрон, премиерката Џорџа Мелони и канцеларот Олаф Шолц, двете страни во принцип го прифатија европскиот нацрт-статут, рече Стано.

Според него, овој предлог е веќе преточен во „документ“ кој има формална поддршка од сите 27 земји-членки на ЕУ.

-Во заклучоците од декември 2023 година, Европскиот совет ја поздрави подготвеноста на Србија и Косово да го прифатат нацрт-статутот предложен до партиите од модераторот на ЕУ. Ова претставува формално прифаќање на документот од сите 27 земји-членки. Нарекувањето на европскиот нацрт-статут едноставно „нон-пејпер“ претставува непочитување на повикот на Советот на Европската унија да постапи по него без понатамошни одложувања и кон неговото формирање. Жалиме што по една година, откако партиите начелно го прифатија документот, не е постигнат напредок во формирањето на Асоцијацијата, согласно европскиот нацрт-статут. Во согласност со официјалната определба за дијалог и целосна имплементација, рече Стано. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан