• вторник, 23 декември 2025

Станковиќ се врати на клупата на Црвена ѕвезда

Станковиќ се врати на клупата на Црвена ѕвезда

 

Белград, 22 декември 2025 (МИА) – Српскиот фудбалски првак Црвена ѕвезда го објави денеска назначувањето на Дејан Станковиќ за нов тренер.

Станковиќ доаѓа на местото на Владан Милојевиќ, кој беше отпуштен на 21 декември.

„Убаво е повторно да се биде дома. Како колега и ѕвездаш, би сакал да му се заблагодарам на Милојевиќ за сè што донесе и направи за овој клуб“, изјави Станковиќ на денешната промоција во Белград.

Четириесетиседумгодишниот Станковиќ претходно го тренираше белградскиот тим од 2019 до 2022 година. Под негово водство, Црвена ѕвезда освои три титули во српското првенство.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан