• петок, 05 декември 2025

Стаменкова: Ќе продолжам со градењето на модерна и просперитетна Македонска Каменица

Стаменкова: Ќе продолжам со градењето на модерна и просперитетна Македонска Каменица
Македонска Каменица, 29 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник на Македонска Каменица, Соња Стаменкова последниот ден пред изборниот молк за претстојниот втор круг од Локалните избори го искористи за средба со граѓаните. За таа цел на штандот кој беше поставен во близина на градскиот пазар Стаменкова презентираше дел од Програмата за сработеното во изминатите четири години. - Денеска сме меѓу граѓаните да го искористиме последниот ден во оваа изборна кампања, да испратиме јасна порака дека тимот ,,Најдоброто за нашата општина", е тим кој навистина треба да продолжи да ја води Македонска Каменица, да градиме заеднички просперитетна европска општина, таква каква што ја градевме во изминатите четири години, уште посилно и уште подобро да продолжиме понатаму заеднички, рече Стаменкова. Таа ги повика каменичани во недела да го заокружат бројот 12, со што ќе ја потврдат својата поддршка на коалицијата ,,Најдоброто за нашата општина". По првиот круг од изборите Стаменкова освои 1.270 гласови наспроти 1.198 кои ги доби кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Димчо Атанасовски. вс/свс/

Остани поврзан