• понеделник, 01 јули 2024

Стабилна состојбата со Ковид -19 во Кичево

Стабилна состојбата со Ковид -19 во Кичево
Кичево, 6 февруари 2021 (МИА) - Повеќе од два месеца, состојбата со Ковид 19 во Кичево е стабилна, со мал број новозаболени и нешто поголем број на оздравени лица. Бројот на активни случаи денес изнесува 110 со тенденција на натамошно намалување. -Стагнацијата на новозаболени од Ковид 19 во нашата општина продолжува и понатаму. Така,  денес се регистрирани само четворица новозаболени и петмина оздравени пациенти, што се рефлектира и врз намалувањето на  бројот на активни случаи, кој денес изнесува 110 лица, изјави Џабир Бајрами,  директор на Здравствениот дом. Тој со апел до граѓаните дека пандемијата е далеку од својот крај и во целост треба да се почитуваат мерките пропишани од Владата за успешно справување со Ковид 19. - Да не се залажуваме дека поволната состојба ќе продолжи да биде поволна без нашиот ангажман и самоодговорност. Напротив, сите треба да бидеме дисциплинирани, да ги почитуваме мерките и како резултат на таа дисциплина ќе имаме и поволни вести поврзани со Ковид 19 и успешна борба со невидливиот непријател, истакна Бајрами. за/бак/

Остани поврзан