• петок, 22 ноември 2024

ССМ и ОРМ започнаа социјален дијалог за усогласување на платите во приватниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата

ССМ и ОРМ започнаа социјален дијалог за усогласување на платите во приватниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата
Скопје, 4 март 2022 (МИА) - Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) остварија средба на која се дискутираше за потребата од усогласување на платите на работниците во приватниот сектор согласно порастот на минималната плата. - ССМ и ОРМ како единствени репрезентативни организации на работниците и на работодавачите се договорија преку социјален дијалог во следниот период да се изнајде заеднички прифатлив модел за усогласувањето на платите на работниците во приватниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата со колективните договори, а истото да не предизвика сериозни импликации на нормалното работење на работодавачите како и да се обезбеди сигурност и одржливост на работните места на работниците, соопштија од ССМ. Во соопштението понатаму се вели дека ССМ и ОРМ се согласиле да пристапат кон процесот на измени и дополнувања на ​Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, се со цел уредување ​ на сите прашања кои се во интерес и на работниците и на работодавачите. - ССМ и ОРМ во наредниот период заеднички ќе настапат пред третиот социјален партнер, Владата, за изнаоѓање на конкретни мерки за поддршка и на работодавачите и на работниците кои ги почитуваат работничките права​ и кои се дел од ССМ и ОРМ во овие исклучително сложени моменти на светска здравствена, економска, енергетска и воена криза, велат од ССМ. сх/сп/

Тагови

Остани поврзан