• четврток, 14 ноември 2024

ССМ: Да се повлече од собраниска процедура Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите недела – неработен ден

ССМ: Да се повлече од собраниска процедура Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите недела – неработен ден
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во врска со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на регулирање на правото недела – неработен ден смета дека недопустиво и несериозно е измените во овој фундаментален закон за работно-правните односи во државата во кои се дадени основните постулати и принципи на социјалниот дијалог, да се носат без учество на социјалните партнери и ЕСС. - На овој начин се врши кршење на законските одредби и подривање на принципите за градење на националните стратегии и политики во сите области, а најзначајно во областа на работно – правните односи по пат на социјален дијалог со активно учество на социјалните партнери. Поради тоа ССМ како најброен и репрезентативен синдикат бара предложените измени и дополнувања на ЗРО да се повлечат од собраниска процедура, затоа што не е спроведена постапка на анализа и целосен увид на резултатите од досегашната примена на одредбите од законот за недела неработен ден за да можат да се видат ефектите од примената на овие одредби, па дури потоа да се преземаат активности за подобрување на законскиот текст, но не во правец на намалување на правата на работниците, објавија од ССМ на нивниот фејсбук профил. Едностраното, необјективно и тенденциозно додавање на дејности во исклучоците во кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине и поради тоа за овие работници ден на неделен одмор може да биде друг ден, како што напишаа на ФБ, го разнишува концепт и причините порди кои се воведоа законските измени за недела – неработен ден, а тоа беше најголемиот број на работници да го користат денот недела за обнова на својата работна сила, грижа за семејството, културните, образовните, спортските и сите други реални животни потреби кои ќе обезбедат достоинствен живот за работникот и неговото семејство. Со тоа, наведуваат, ќе се постигне поголема продуктивност, мотивираност и успешност во обавувањето на работните задачи што ќе резултира со зголемено производство и продуктивност во работењето. - Уште еднаш укажуваме дека ССМ бара Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на регулирање на правото недела – неработен ден, да се повлече од собраниска процедура и да не се расправа, ниту пак да се гласа по истиот затоа што во донесувањето на законските измени исклучени се од учество работниците и синдикатите, како и поради тоа што овие измени преставуваат намалување на правата на работниците. Го следиме однесувањето на сите пратеници и партии, Вашата поддршка сега ќе биде основа за наша поддршка кон Вас во иднина, објавија од ССМ на фејсбук. цр/вј/

Остани поврзан