• сабота, 21 декември 2024

Српски министер: Заробени над милион тони јаглен во Бугарија поради прекин на пловидбата на Дунав

Српски министер: Заробени над милион тони јаглен во Бугарија поради прекин на пловидбата на Дунав
Белград, 2 септември 2022 (МИА) - Српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Томислав Момировиќ денеска изјави дека Дунав е пловен во својот тек низ Србија, но дека прекинот на пловидбата на реката во Бугарија е голем проблем. Поради тоа, заробени се над милион тони јаглен во Бугарија. - Ние имаме заробени 1,2 милиони тони пченица, 400.000 тони житарици, огромен број суровини за нашата метална и хемиска индустрија, додаде Момировиќ за Радио - телевизија Србија. Според него, еден речен танкер заменува 144 камиони - цистерни, еден брод што превезува рефус товар заменува 70 камиони. Тој посочи дека реките се клучни за снабдување и доколку Србија не се вмеша во проблемот што е моментално во Бугарија, „наесен ќе имаме уште поголем проблем“. Министерот најави договор што ќе биде потпишан утре со бугарската Влада, со што механизацијата на Србија ќе ѝ биде ставена на располагање на Бугарија. - Заедно со Романците ќе ги извршиме интервентните работи со цел да се обезбеди пловидба на Дунав, не само по водниот пат, туку и пристап до пристаништата и со тоа ќе ги ослободиме не само јагленот, туку и житариците, појасни Момировиќ. бд/ссм/

Остани поврзан