• четврток, 14 ноември 2024

Средношколци од „Марија Кири-Склодовска“ и градоначалничката Арсовска во посета на ЈП „Водовод и канализација“

Средношколци од „Марија Кири-Склодовска“ и градоначалничката Арсовска во посета на ЈП „Водовод и канализација“

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - По повод одбележувањето на Светскиот ден на водата, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и 100 ученици од средното скопско училиште „Марија Кири-Склодовска“ денеска  ја посетија хемиската лабораторија на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, со цел следење на практична едукација за процесите на претпријатието. 

Како што соопшти Град Скопје, под менторство на експерти од ЈП „Водовод и канализација“, средношколците имале можност одблиску да се запознаат со целокупниот процес за испитување на квалитетот на водите, од примероци на вода за пиење од водоводни дистрибутивни системи до начинот на изработка на физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно регулативата за безбедност и квалитет на водата за пиење.

-Заеднички се дискутираше за значењето на водата и потребата од одржливо управување со овој важен природен ресурс, како и за начините за заштита и соодветно користење на водните ресурси, информира  Град Скопје. хс/дма/

Фото: Град Скопје 

 

 



Остани поврзан