• четврток, 14 ноември 2024

Средното училиште за ученици со оштетен слух „Партенија Зографски“ учествува во Еразмус-проект со партнери од Летонија и Естонија

Средното училиште за ученици со оштетен слух „Партенија Зографски“ учествува во Еразмус-проект со партнери од Летонија и Естонија

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски”-Скопје учествува во проект од образовната програма на ЕУ - Еразмус+ со партнери од две балтички земји -  Државното техничко училиште од Рига, Летонија, кое е координатор на проектот, и колеџот „Тарту“ од Тарту во Естонија.

ДУЦОР „Партенија Зографски“, единствено училиште во земјава за средно стручно образование на ученици со оштетен слух, во рамките на програмата „Еразмус+“ доби грант за реализација на проектот „Алати и техники за подобар проофесионален избор“ (Tools and techniques for a better choice of profession) со времетаење од 15 месеци.

Како што информираат од ДУЦОР „Партенија Зографски“, целта на проектот е да се креираат нови алатки, односно нови дигителни тестови кои ќе им овозможат на учениците соодетен избор на нивната идна професија согласно нивните афинитети и можности, вклучувајќи ги и учениците со потешкотии во учењето.

-Предвидена е изработка и на дидактички материјали кои низ игра ќе дадат информација за вредностите кои ученикот ги избира, неговите интереси и афинитети кон професија, па и хоби. На крајот ќе се изработи и соодветен прирачник за овие алатки, кој ќе биде достапен на јазиците на државите партнери во проектот, како и на англиски јазик, се наведува во соопштението. 

Средба меѓу партнерите во проектот со која е означен почетокот веќе е одржана во Рига овој месец каде што биле дефинирани активностите и динамиката со која ќе се спроведуваат.

-Проектот е поддржан од ЕУ преку Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, клучна акција КА210 во полето стручно образование и обука, наведува ДУЦОР „Партенија Зографски“ чија основна дејност е образование, воспитување, рехабилитација, професионално и работно оспособување на ученици со оштетен слух. хс/са/ 

Фото: ДУЦОР „Партенија Зографски“-Скопје 

 

Остани поврзан