• понеделник, 23 декември 2024

Средби на Пендаровски со Бајден, Меркел и Столтенберг на маргините на конференцијата за климатски промени во Глазгов

Средби на Пендаровски со Бајден, Меркел и Столтенберг на маргините на конференцијата за климатски промени во Глазгов
Скопје, 2 ноември 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска на маргините на Светскиот лидерски самит на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26), што се одржува во Глазгов, оствари куси средби со американскиот претседател Џо Бајден, словачката претседателка Зузана Чапутова, германската канцеларка Ангела Меркел, индискиот премиер Нарендра Моди, израелскиот премиер Нафтали Бенет, британската министерка за Европа и Америка, Венди Мортон, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со поранешната британска премиерка Тереза Меј. Како што соопшти Кабинетот на претседателот Пенадровски, шефот на државата денеска присуствуваше и на настанот со кој се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност - критичната деценија“, во организација на премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон. мд/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан