• недела, 22 декември 2024

Средба Филков-Вал, во фокусот реформи и проекти во правосудството

Средба Филков-Вал, во фокусот реформи и проекти во правосудството

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал. 

Како што соопшти денеска Министерството за правда, се дискутираше за планираните реформи и проекти во правосудството во насока на владеење на правото.

- Посебен осврт беше даден на Предлог-законот за кривична постапка за што од страна на амбасадорот Вал беше соопштено дека  ОБСЕ финансиски ќе го поддржи преводот. Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Министерството за правда ќе биде и натаму активно вклучена  во подготовката на Развојната секторска стратегија 2024-2028, како и во работните групи за одредени законски измени, се вели во соопштението. 

Соработката и дијалогот во наредниот период, како што се наведува, ќе се интензивираат со цел да се реализираат планираните реформи во правосудството. мд/аа/

Фото: Министерство за правда 

Остани поврзан