• петок, 20 март 2026

Средба Сали - Бегај: Продлабочување на институционалната соработка

Средба Сали - Бегај: Продлабочување на институционалната соработка

Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Првиот заменик‑претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која е дискутирано за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.

За време на средбата, како што информираат од кабинетот на министерот за европски прашања, двајцата соговорници размениле мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

Сали истакнал дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.

На средбата било нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција. фф/лв/

Фото: Кабинет на министерот за европски прашања

Остани поврзан