• петок, 23 август 2024

Средба на Јанев со британскиот амбасадор во Софија

Средба на Јанев со британскиот амбасадор во Софија
Софија, 12 јуни 2021 (МИА) - Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев и амбасадорот на Велика Британија во Софија, Роб Диксон одржаа состанок со официјалниот претставник на производителот на машини за гласање „Самртматик“ (Smartmatic) за набавката на дополнителниот број машини потребни за претстојното гласање, јави дописникот на МИА од Софија. Средбата беше иницирана од владите на Велика Британија и на Бугарија. Диксон изрази недвосмислена поддршка за фер спроведување на изборите во Бугарија. Jанев и британскиот амбасадор разговараа за напорите за одржување на претстојните парламентарни избори во Бугарија на транспарентен и демократски начин. Претходно, бугарскиот министер финансии Асен Василев имаше средба со претставникот на „Смартматик“. Бугарските власти бараат алтернатива за набавка на машините за гласање откако бугарската компанија „Сиела норма“ даде висока понуда за машините. ми/

Остани поврзан