• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Тренчевска со амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во заминување

Средба на Тренчевска со амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во заминување

Скопје, 1 септември 2022 (МИА)Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Амбасадорот Клеменс Која - шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска ја остварија последната средба поради завршување на четиригодишниот мандат на амбасадорот во нашата земја, информираат од МТСП.

Министерката Тренчевска и амбасадорот Која се осврнале на заедничките проекти и активности кои изминативе години Министерството за труд и социјална политика ги реализираа со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во земјава.

-Периодот зад нас го одбележаа многу проекти и активности од областа на социјалната заштита, инклузијата на ранливите категории, со акцент на Ромите, нивно извлекување од сиромаштија, вклучување на пазарот на труд и социјални услуги, потоа, родовата еднаквост и антидискриминацијата. Продолжуваме со добро воспоставената соработка со мисијата на ОБСЕ и понатаму, рекла Тренчевска.

Министерката се заблагодарила за одличната соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава, предводена од амбасадорот Која, и изрази уверување дека работата на заедничките проекти и цели кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани ќе продолжи и во иднина. сст/аа/

 

   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан