• петок, 05 декември 2025

Средба на Стоилковиќ со директорот на УНДП, Григориан

Средба на Стоилковиќ со директорот на УНДП, Григориан

Скопје, 8 мај 2025 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска остварил работна средба со делегација од канцеларијата на УНДП во Скопје, предводена од директорот Армен Григориан.

Како што информираат од Министерството за односи меѓу заедниците, на средбата Стоилковиќ и Григориан разговарале на повеќе актуелни теми. На средбата, како што наведуваат, била истакната важноста од продлабочена соработка помеѓу Министерството за односи меѓу заедниците и УНДП во насока на промовирање на довербата меѓу заедниците на Западен Балкан.

-Особено внимание беше посветено на унапредувањето на дигиталната писменост кај припадниците на заедниците во Македонија, како и на нивната поголема вклученост преку јавниот сервис на нивниот мајчин јазик. Дополнително, беше иницирана изработка на стратегија за одбележување на Денот на културните различности (21 мај), заснована врз светски добри практики, со цел нејзина успешна примена во национален контекст, посочуваат од Кабинетот на Стоилковиќ.

Двајцата соговорници се согласиле дека соработката помеѓу Министерството за односи меѓу заедниците и УНДП претставува клучен елемент во напорите за градење и зајакнување на довербата меѓу различните заедниците. Било истакнато дека преку заеднички активности и проекти, особено во рамките на иницијативата „ЕУ поддршка за градење на доверба на Западен Балкан“, се создаваат услови за инклузивност, меѓусебно разбирање и почитување на различностите, што е основа за стабилно и одржливо општество. Оваа соработка, се наведува во ссоопштението, придонесува и кон унапредување на дигиталната писменост и медиумската застапеност на немнозинските заедници, зајакнувајќи ја нивната улога и глас во општеството. фф/нд/

Фото: Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците

 

Остани поврзан