Средба на Стоилковиќ со в.д. претседателот на СКСЗМ, Алиу
- Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска се сретна со в.д. претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Нухи Алиу.
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска се сретна со в.д. претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Нухи Алиу.
На средбата, како што информира Кабинетот на Стоилковиќ, беше презентирана работата на Стопанската комора на северозападна Македонија, нејзините тековни активности и идни планови, при што беше направена размена на искуства во насока на унапредување на економскиот развој, подобрување на деловната клима и поттикнување на регионалниот развој.

- Во рамките на разговорите беа разгледани можностите за евентуална идна соработка во области од заемен интерес, со цел поддршка на стопанството, настап на трети пазари, регионална соработка и креирање услови за одржлив економски раст. Средбата помина во конструктивна атмосфера и особено беше истакната подготвеноста за понатамошна соработка нагласувајќи ја важноста на отворениот дијалог и на континуираната комуникација како основа за изнаоѓање практични и балансирани решенија - се наведува во соопштението. мд/вј/
Фото: Кабинетот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ