Средба на претседателот на Уставниот суд Костадиновски со австрискиот амбасадор Мартин Памер
- Костадиновски го информирал амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Судот и го запознал со приоритетите во неговиот мандат.
Скопје, 4 јули 2025 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари средба со Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во земјава.
Како што информираат од Уставниот суд, Костадиновски го информирал амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Судот и го запознал со приоритетите во неговиот мандат.

На средбата било изразено заедничко задоволство од унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови, за што претседателот Костадиновски предал покана за претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартер.
Амбасадорот Памер истакнал дека ќе се заложи за воспоставување билатерална соработка меѓу двата суда, нагласувајќи дека високо ја цени посветеноста на Уставниот суд на земјава кој има круцијална улога во обезбедување на владеењето на правото и правната држава. дма/вг/
Фото: Уставен суд